* Vo koi golemini se dostapni NUK Perfect Match cuclite?
Постојат 3 различни вида на NUK Perfect Match цуцлите.
S (Small), M (Medium), U (Universal). Основната разлика
е во отворите на овие цуцли кои се прилагодени на соодветна густина на храната и брзината на проток на истата. S (Small) е наменета за деца од 0+ месеци и се користи за мајчино млеко, вода или чај. M (Medium) е за бебиња од 0+ месеци и се користи за млечни формули и друга течна храна со средна густина, додека отворот U (Universal) е наменет за бебиња од 6+ месеци. Поради специјално исечениот отвор оваа цуцла му овозможува на детето самостојно - интуитивно да ја регулира брзината на проток од бавно кон побрзо. Инаку функционалните димензии на сите 3 цуцли се идентични, т.е имаат идентичен дијаметар и можат да се користат за Perfect Match шишенцата од 150 и 260мл. Сите 3 вида се Anti Colic цуцли.