* Kako da ja izberam vistinskata cucla za moeto dete?


Сега е лесно да ја изберете NUK Perfect Match цуцлата која одговара на вашето дете бидејќи изборот е сведен на еден тип цуцла со 3 различни отвори за храна т.е имаме 3 различни NUK Perfect Match цуцли. Со овој концепт на исхрана може да бидете сигурни дека вашето дете се храни на начин кој најмногу му одговара. Децата се разликуваат и додека некои заспиваат додека се хранат, други се немирни и постојано бараат повеќе. Изборот на вистинската цуцла се базира на комбинација на староста на бебето и брзината на протокот на храната. Цуцлата со отвор означен како “S”(Small) има побавен проток и идеално одговара на децата од 0+ месеци - новороденчиња. За децата кои се полакоми може да поминете на цуцла со отвор “M”(medium) и порано иако поради побрзиот проток се смета соодетна за деца од 3+ месеци.  За деца од 6+ месеци се препорачува “U”(universal) отворот со посебно исечен отвор кој им овозможува на бебињата самостојо - интуитивно да го регулираат протокот од бавно кон побрзо.