Designed and developed by Euroalba dooel team
Euroalba Home
OnlineShop Shop Now!

ЕУРОАЛБА  дооел, е семејна фирма со седиште во главниот град на Р.Македонија -  Скопје. Своите корени нашата фирма ги влече од 1988 година кога основачот Г-дин. Ристо Георгиев со своето семејство го отвора својот прв малопродажен објект наречен “СТД Александар”.  

Понудата на СТД Александар се базираше на стоки за широка потрошувачка наменета за целото семјество меѓу која доминираше детскиот текстил.

Со тек на времето оваа понуда се повќе се профилираше кон производи наменети за деца со што СТД Александар стана еден од првите приватни дуќани во Р.М. наменети исклучиво за деца.


Во 1996 како логичен след на нештата СТД Александар прерасна во фирма со назив “EUROALBA doo” во која  истиот стана подружница на фирмата.

Во своите почетоци ЕУРОАЛБА дооел се занимаваше со увоз и дистрибуција на познатиот германски бренд на цуцли, шишенца и други беби акцесори -NUK. Со тек на времето Еуроалба дооел се повеќе ја зголемуваше својата понуда на најразлични производи наменети за потребите на мајката и детето во периодот на бременоста и по тоа, така да во период од 1996 до 2008 година стана застапник на бројни светски признати брендови наменети за бебиња, деца и мајки. Меѓу бројните брендови би ги издвоиле NUK, Tigex, KANZ, BREVI, Ginkana, ABC DESIGN, Originalna Pavloviceva Mast , WOW Toys, Clementoni, Sluban, FimBaby ...


Од почетокот на својата дејност во 1996 година до денес Еуроалба дооел се позиционира како лидер во понудата на производи наменети за здравјето и грижата на децата во Р.Македонија и Косово  со најголема понуда на различни артикли за таа намена , почнувајќи од наједноставни производи како цуцли, шишенца, шпилхозни па се до  произвиоди како комоди за повивање, ваги, стерилизатори, јонизатори, инхалатори и други производи.

Денес Еуроалба дооел е присатна на пазарите на Македонија и Косово каде поседува развиена големопродажна мрежа и има пристап до сите најзначајни дистрибутери, супермаркети , аптеки, беби шопови и други заинтересирани купувачи. Во македонија поседува и сопствена малопродажна мрежа на специјализирани дуќани -”Baby Centar”.


Во својата иднина Еуроалба дооел ќе се развива во два основни стратегиски правци. Прв правец е понатамошно збогатување на понудата на производи наменети за грижата и здравјето на мајката и детето во периодот на бременоста и  потоа - т.е. зголемување на понудата во големопродажбата, и втор ширење на сопствената малопродажна мрежа на специјализирани дуќани за бебиња и деца на целата територија на Р.Македонија.



About mk About mk AboutUs