NUK Perfect Match цуцлите секако се прилагодени на одредени типови на храна. За мајчино млеко, вода, поретки млечни формули или чај ја пепорачуваме цуцлата со “S” (small) отвор. Оваа цуцла најчесто ја користат новороденчињата (0+ месеци) поради побавниот проток, но тоа не значи дека истата не можат да ја користат и постари доенчиња кои немаат потреба од побрз проток т.е побавно се хранат.

Цуцлата со “M” (medium) отвор најчесто се користи за адаптирани млечни формули, наjчесто ја користат новороденчиња од 3+ месеци, но доколку бебето има желба за повеќе храна и побрз проток може да се користи и порано т.е. порано од третиот месец.

Цуцлата со отворот “U” (universal) е намемета за бебиња од 6+ месеци и се користи за погуста (течна кашеста) храна.

* Koja cucla za koj tip na hrana da se koristi?