Секако дека NUK Perfect Match шишенцата со цуцлите со отвори S и M се идеално прилагодени на новорроденчиња од 0-6 месеци, но не значи дека истите не може да се користат за бебиња постари од 6 месеци на кои им одговара побавен ритам на пиење. За бебиња постари од 6 месеци постојат шишенца во комбинација со U отвор. Овој отвор е наменет за погуста течна храна (кашички). Специјалниот облик на самиот отвор му овозможува на бебето самостојно - интуитивно да ја контролира брзината и количеството на проток. Ова не значи дека цуцлата е наменета само за деца од 6 месеци натаму стриктно. Можеби вашето дете има 4 или 5 месеци но е напредно и способно и има потреба од погуста храна, па во тие случаеви можно е да помогне цуцлата со “U” отвор.